Каиседо ќе биде најскапиот играч во историјата на британскиот фудбал

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Еквадорскиот фудбалер Мојзес Каиседо ќе биде најскапиот играч во историјата на британскиот фудбал. Челси му плати 132 милиони евра на Брајтон, го победи Ливерпул во таа трка и доби врвно засилување.

Според новинарот Фабрицио Романо договорот на Каиседо со Челси ќе трае до јуни 2031 година со опција истиот да биде продолжен до 2032.

Каиседо минатата сезона блескаше во тимот на Роберто Де Ѕерби, има само 21 година и Челси верува дека тој ќе биде столбот на новиот тим со Енцо Фернандеш. Повторно, Брајтон одлично се снајде со новата продажба во „синиот“ дел на Лондон по Марко Кукуреља (62 милиони евра).

Потсетување дека Брајтон пред две години го ангажираше Каиседо за „само“ пет милиони евра, а уште еден клуб добро ќе заработи од големиот трансфер на Каиседо.

Станува збор Индепендиенте дел Вале од Еквадор, од град со близу 60.000 жители. Покрај продажбата на Каиседо за пет милиони евра, вметнале и клаузула дека ќе добијат 20 проценти од следната продажба.

Кога ќе се знае цената на целиот трансфер, јасно е дека Еквадорците ќе добијат уште 27 милиони евра. И тоа за играч кој одигра 31 натпревар за Индепендиенте. Инаку, најголемиот трансфер во историјата на еквадорскиот фудбал изнесува шест милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот