Каде можете да пријавите повреда на избирачкото право?

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија соопшти дека нивната канцеларија денеска ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на Претседателските избори.

– Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче” бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073. Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на [email protected]. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право – соопшти Хелсиншкиот комитет.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно.

Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност.

Хелсиншкиот комитет наведува и дека ги гарантира тајноста и неповредливоста на личните податоци и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од  граѓаните што ја пријавиле повредата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот