Југословенски рецепт за натур шницли

Фото: Flickr

Домаќинките во Југославија често се снаоѓале со она што го имаат во кујната, па така настанале некои од најубавите јадења, а токму такви се и натур шницлите. Можете да го користите секое месо што го имате во замрзнувачот, само водете сметка да не е пилешко. Сите други состојки ги имате во шпајзот, а наместо бујон можете да користите и вода, иако е подобро бидејќи бујонот дополнително го омекнува месото.

Состојки:

– 1,2 кг месо по избор (говедско, телешко, свинско)
– 3 лажици брашно + за месо
– 1/2 главица лук
– малку сенф
– малку бујон

Подготовка:

Шницлите исчукајте ги со чекан за месо, па посолете и забиберете. Сипете го маслото да го покрие дното, а кога ќе се загрее, додајте го месото што претходно сте го премачкале со сенф и сте го „извалкале“ во брашно. Пропржете кратко, па извадете го од тавата.

Во истото тавче кратко пропржете го ситно сечканиот лук, па додајте бибер и брашно (3 лажици). Промешајте, посолете, па сипете бујон (коцката за супа измешајте ја со вода) колку да се направи фин сос.

Кога ќе зоврие, промешајте и оставете уште неколку минути, па вратете ги шницлите и намалете ја температурата. Динстајте уште половина час. Наместо на шпорет, можете да ги динстате во рерна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот