ЈП „Комунална хигиена” – Скопје формираше Кризен штаб

Во ЈП „Комунална хигиена” – Скопје од денеска ќе функционира Кризен штаб од каде што ќе се координираат оперативните активности на препријатието во рамки на новонастанатата состојба поврзана со ширењето на вирусот Ковид-19.

Оттаму информираат дека главна цел на формирањето на Кризниот штаб е и во овие вонредни околности екипите на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје да продолжат континуирано да го собираат и транспортираат комуналниот отпад во три смени, секој ден во неделата, што е од особено значење за нормалното функционирање на Градот Скопје и намалувањето на ризикот за проширување на вирусот Ковид-19.

Во пресрет на последните случувања, се вели во соопштението, екипите на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје спроведуваат низа акции со цел хигиената и чистотата на јавните површини да се подигне на највисокото можно ниво, а обемот на активностите, велат, е речиси двојно зголемен.

– Само во текот на изминатава недела извршивме дезинфекција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, како и на Старата скопска чаршија. Континуирано се дезинфицираат и сите садови за собирање на отпадот вклучително со нивните микролокации, додека екипите на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје секојдевно со автоцистерни ги мијат улиците во сите скопски општини. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат термините за одлагање наведени на контејнерите и отпадот да го одлагаат исклучиво во поставените садовисо цел да се намали можноста за создавање диви депонии, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, Абдусамед Шабани.

Проблемите поврзани со подигнувањето и транспортот на комуналниот отпад, оттаму информираат дека граѓаните ќе може да ги пријават на телефонските броеви  3216 644 и 0800 222 33, од понеделник до сабота од  09 до 19 часот и во недела од 09 до 14 часот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот