Јовески: ОЈО ќе ги истражува надоместоците за доверливост кои ги земале обвинителите во СЈО

Љубомир Јовески/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Редовното Обвинителство ќе ги истражува платите и додатоците за доверливост кои ги земале специјалните јавни обвинители – вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за Канал 5.

-Обвинителите ќе ги испитаат сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомнение за извршено кривично дело, ќе се постапи согласно Закон. Исплатата на плати и надоместоци е утврдена во Законот за плати на јавните обвинители. До постапување на алатката “Отворени финансии”, висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоците за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители, за кои на сајтот на ЈОРСМ јавно е објавен коефициентот за исплата на плати. – вели Јовески.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии”. Вакви додатоци и надоместоци добивале и другите обвинители и некои вработени во СЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот