Јовановиќ: Mерката за „МОЈ ДДВ“ е многу лоша, а најмногу корист од тоа ќе имаат богатите

Новиот пакет мерки за помош на економијата се краткорочни и еднорочни мерки кои се проблематични по повеќе основи, вели поранешениот советник на министерот за финансии Бранимир Јовановиќ за ТВ 21, додавајќи дека повторно се пропушта шансата за да се решат суштинските проблеми на граѓаните кои се наталожиле со години.

Оваа држава требаше системски да ги заштите луѓето кои беа погодени од корона кризата, така што според него мерката за „МОЈ ДДВ“ е многу лоша бидејќи со оваа мерка постои опасност да се рашири вирусот, ќе доведе до пад на буџетот, а најмногу корист од тоа ќе имаат богатите.

-Мерката исто така претставува и своевидна легализација на сивата економија односно на даночната енвазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок. Проблематична е мерката и за надоместок за луѓето кои останаа без работа два месеца. Наместо владата да ги опфати со системот тие работници, им вика дека ќе добијат надоместок само два месеци- истакна Бранимир Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот