Јован Кутаноски исклучителен талент со прво место во хрватската триатлон лига и прво место во Германија

фото: facebook.com/asom.org.mk

Деветгодишниот Јован Кутаноски од Струга кој е повеќекратен првак во триатлон, дуатлон и акватлон е првиот талент поддржан во вториот циклус на кампањата „Вложуваме во млади таленти“.

Станува збор за исклучителен талент кој на свои 3 години успеа да комплетира триатлон и е носител на бројни медали на државни и меѓународни првенства.

Меѓу неговите најнови успеси се освоеното прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, прво место во Хрватската триатлон лига.

Како и прво место во триатлон на меѓународно натпреварување во Германија, во својата категорија.

– Талентот и енергијата кои Јован ги поседува се навистина импресивни, а неговите резултати говорат дека се работи за дете со огромен потенцијал, пред кое стојат уште многу успеси со кои нашата држава ќе се гордее – истакна Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот