Јапонија ќе лансира ракета на Меѓународната вселенска станица

Фото: Принтскрин

Јапонија во септември ќе лансира ракета, со карго капсула, на Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти денеска јапонската вселенска агенција.

Беспилотното летало ХТВ8, познато како Коунотори, ќе испорача околу 5,4 тони потребни материјали за астронаутите во МВС, вклучувајќи храна, вода, батерии и уреди потребни за експерименти, пренесе агенцијата Кјодо.

Ракетата ќе биде лансирана на 11 септември од вселенскиот центар Танагашима, во југозападниот дел од Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот