Јапонија ја одбележа 9. годишнина од трагедијата во Фукошима: Официјалната церемонија и бдеењата откажани поради коронавирусот (ВИДЕО)

ФОТО: Профимедиа

Премиерот Абе во говорот се извини поради отсуството на официјалниот комеморативен собир, истакнувајќи дека тоа е неопходно за да се спречи ширењето на вирусот.

Јапонија денеска ја одбележа деветтата годишнина од разорната природна катастрофа и несреќата во нуклеарката во Фукошима, но официјалните комеморации и бедеењата се откажани од страв од ширење на коронавирусот.

Земјотресот и цунамито предизвикаа на 11 март 2011 година најлоша нуклеарна несреќа после Чернобил, во простројката во Фукошима, која се наоѓа на 220 километри североисточно од Токио.

Природната катастрофа и топењето на јадрото на реакторот принудија на евакуација илјадници локални жители.

ФОТО: EPA/JIJI PRESS

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и други владини официјални лица присуствуваа на малата меморијална церемонија на која со минута молчење им беше оддадена почит на загинатите. Присутните седеа на столици поставени далеку една од друга, пренесува АП.

Абе во говорот се извини поради отсуството на официјалниот комеморативен собир, истакнувајќи дека тоа е неопходно за да се спречи ширењето на вирусот.

Тој се пофали со реконструкцијата на регионот погоден од катастрофата и додаде дека се надева дека Олимписките игри во Токио ова лето ќе биде моќност земјата да ги покаже резултатите од своите напори за опоравување.

И покрај бројните знаци на опоравување на североисточниот дел на Јапонија, одредени жители се уште не живеат во пределите блиску до фабриката во Фукошима зошто нивото на радијација се уште е видоко.

Во Јапонија се потврдени околу 1.300 случаи на коронавирус, од кои 700 се од крузерот Дајмонд принцес.

Со секој скок на бројот на заболени растат шпекулациите дека Олимписките игри, кои треба да почнат на 24 јули во Токио, би можеле да бидат откажани, одложени или одржани без присуство на гледачи, како што веќе е случај со бројите предолимписки квалификации и други спортски настани во изминатите недели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот