Јанев: Со лажни вести од одредени структури се врши своевиден атак врз мојата личност

Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев попладнево на неговата фејсбук страна ги демaнтираше информациите објавени во одредени медиуми дека му е одреден притвор заради изборен поткуп.

-Последните денови, против мене како градоначалник, но и како човек, со лажни вести од одредени структури се врши своевиден атак врз мојата личност. Очигледно е дека целта на овој континуиран напад е да се дискредитира мојата работа како градоначалник, но и да бидам оцрнет како човек, кој секогаш работи одговорно и чесно, пишува Јанев.

Почитувани граѓани,Последните денови, против мене како Градоначалник, но и како човек, со лажни вести од одредени…

Publiée par Марјан Јанев – Градоначалник на Општина Василево sur Mardi 14 juillet 2020

Додава дека е запрепастен од жестината на нападите и клевети, за кои смета дека е апсолутно апсурдно да ги коментира и во овој специфичен период да подгрева нечии страсти.

Како што појасни, разрешницата ќе ја бара во рамки на институциите, бидејќи според него тоа е единствениот пат по кој правдата и вистината ќе излезат на виделина.

-Најодговорно тврдам дека така наречените информации што определени медиуми ги пласираат за мене и ги шират преку социјалните медиуми се целосни лаги и апсолутни невистини. Со чисто срце и разум целосно ги отфрлам и демантирам и притоа упатувам апел, лудилото да му отстапи место на разумот и конечно сите да престанат да ја трошат својата креативна енергија и потенцијал на лаги и клевeти туку на нешто позитивно и добро, објави градоначалникот Јанев на неговиот фејсбук профил.

Информациите објавени во одредени медиуми дека на градоначалникот на Василево и на уште едно лице им е одредена мерка притвор ги демантираа и од СВР-Струмица.

СВР Струмица демантира дека му е изречен притвор на градоначалникот на Василево

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот