Израелскиот министер за одбрана предупредува дека Иран за три месеци може да произведе нуклеарна бомба

Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц / Фото: Архива

За два до три месеци, Иран ќе може да произведе доволно материјали и да го зголеми својот потенцијал, што ќе му овозможи да направи сопствена нуклеарна бомба. Ова мислење го искажа во интервју за американскиот магазин Форин Полиси (Foreign Policy) министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц.

Според Ганц, дипломатските напори нема да помогнат да се „ресетира” напредокот на Иран во областа на нуклеарното оружје. Тој истакна дека од гледна точка на Израел, ефективен начин за спречување на Иран ќе биде вршење политички, дипломатски и економски притисок врз Техеран од страна на САД, Русија, Кина и Европа. „Иран мора да стравува дека САД и нивните партнери се сериозни”.

Тој, исто така, предупреди дека во регионот може да започне трка со нуклеарно вооружување доколку Иран ја постигне својата цел. „Другите земји нема да бидат неактивни”, предупреди тој.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот