Израелците излегоа на протест по веста дека израелската армија по грешка убила тројца заложници

Во Израел се слави ослободувањето на заложниците кои ги држеше Хамас / Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Стотици граѓани протестираа пред Министерството за одбрана во Тел Авив, откако израелската армија призна дека по грешка убила тројца заложници во Појасот Газа, кои ги држела палестинската милитантна група Хамас.

Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од околу 130 заложници, за кои Израел верува дека се уште се заложници на Хамас во Појасот Газа и ја повикаа владата на Бенјамин Нетанјаху да обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.

Нетанјаху ја опиша смртта на тројцата заложници како „неподнослива трагедија“ и додаде дека „целиот Израел жали за загубата“.

ИДФ по грешка усмрти тројца израелски заложници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот