Израел повторно ги заострува мерките, но без карантин

Израел ковид / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска оцени дека вакцинацијата и повторно воведување на ограничувања може да ја спасат земјата од ново „затворање”, иако коронавирусот повторно се шири низ земјата, пренесува Тајмс оф Израел.
„Нашата цел е Израел да остане отворен, но да не дојдеме во ситуација кога болниците ќе кажат дека се преполни. Ние се стремиме да го избегнеме тоа и да знаеме кога да притиснеме на сопирачките„ рече Бенет при посетата на центарот за вакцинација во Ерусалим.

 

Израелскиот лидер верува дека вакцинацијата, носењето маски и одржувањето физичка дистанца може да спречи построги ограничувања.

Израелската влада вчера најави пакет нови мерки, вклучувајќи потврда за вакцинација или негативни тестови при влегување во сите места каде што се собираат повеќе од 100 луѓе и задолжително носење маски и на отворено каде има повеќе од 100 лица.

Објавувајќи ги новите мерки, таканаречениот кабинет за коронавирус предупреди за високо заразната делта варијанта и ги повика Израелците да престанат со „ракување, гушкање и бакнување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот