Изработен е ДНК профилот на безживотното тело откриено на Матка

Телото кое беше во фаза на распаѓање го најдоа полицајци на 15-ти мај попладнето, додека патролирале на планинското подрачје.

Изработен е ДНК профилот на безживотното тело кое минатата недела беше најдено кај Матка, дознава „Фокус“.

Врз основа на податоците на Институтот за судска медицина каде телото беше предадено на обдукција и каде беше изработен ДНК профилот, ќе се прави идентификација, односно утврдувањето на идентитетот на лицето во Министерството за внатрешни работи. Идентификацијата треба да даде одговор кое е лицето кое било закопано кај Матка.

Телото кое беше во фаза на распаѓање го најдоа полицајци на 15-ти мај попладнето, додека патролирале на планинското подрачје. Тие најпрво забележале човечки череп од маж закопан во земја, а утврдено било дека смртта била насилна, а сомнежите се дека станува збор за убиство. Сепак официјалната истрага на Обвинителството треба да утврди дали станува збор за убиство, самоубиство или несреќен случај.

Според официјалнта верзија на Јавното обвинителство телото било најдено на местото викано Осој во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен“.

Местото веднаш било обезбедено, а увидот се вреше следниот ден од утринските часови. Таму беше јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, увидни екипи на Министерството за внатрешни работи и увидна екипа на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

До Основното јавно обвинителство Скопје до овој момент не се пристигнати резултатите од наредените вештачења и испитувања на ДНК профилот, велат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот