Изложба во Струга: Пола век творештво и промоција на публикација на Мице Јанкуловски-МИЦКО

По повод 50 години од творештвото на Мице Јанкуловски-МИЦКО денеска во спомен домот на „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена изложба и ќе биде промовирана публикација во организација на центарот за култура „Браќа Миладиновци”.

Делата на Јанкуловски насликани со црната боја, професионалната јавност ги препознала како исклучително значаен придонес во еден ексклузивен сегмент на уметници во историјата на уметноста, кои сликале со црна боја. Историчари на уметност и куратори, препознаваат различни димензии во неговото сликарство.

Јанкуловски е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои „Ел Греко“, награда за најдобар уметник, „Лоренцо ил Мањифико“, награда за животно остварување, Награда Уметник на светот, Гран при на Меѓународното графичко биенале во Бугарија, итн.

Отворањето на самостојната изложба на МИЦКО и промоцијата на публикацијата, Центарот за култура најави дека ќе се одвива согласно мерките и протоколите за заштита од ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот