Изложба „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“ во Кинотека

Со прикажување на филмот ПУЛА 56 во режија на Славко Јаневски, инсерти од југословенската филмска продукција 45 – 81, како и говор на Данчо Чеврески за својот влог во jугословенската и македонската кинемтаографија денеска во Кинотеката на Република Северна Македонија ќе биде отворена изложбата на филмски плакати и рекламен филмски материјал, со наслов „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, изработена од Историскиот архив на Пожаревац.

Изложбата се состои од 64 паноа, со димензии 70 см х 100 см, на кои се претставени 180 постери, односно рекламни филмски флаери и претставува своевиден омаж на историјата на југословенскиот филм. Таа го следи развојот на домашната кинематографија во тогашна ФНРЈ, односно СФР Југославија, во периодот меѓу 1947 и 1980 година.

Отворањето на изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, која ќе биде збогатена со уште десет паноа за македонската кинематографија, подготвени од Државниот архив и Кинотеката. Изложбата ќе може да се посети до 17 јуни годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот