Излезеноста на изборите во Хрватска до пладне е 18,09 проценти

Фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

Во Хрватска денеска се одржуваат 10-ти парламентарни избори од стекнувањето независноста, а според Државната изборна комисија (ДИК) изутринава на гласање излегле 18,09 проценти од гласачите.

Имено, до пред пладне гласале 620 илјади гласачи, што е само околу 20 илјади помалку отколку на изборите во 2016 година, пренесува агенцијата Хина.

Пред помалку од четири години, во истиот период на гласачките места излегоа 18,07 отсто од гласачите.

Новите податоци за излезноста на ДИК ќе бидат објавени во 17  часот.

На изборите учествуваат 192 избирачки листи, со 2.700 кандидати. Право на глас имаат 3,86 милиони избирачи, кои гласаат на околу 7.000 избирачки места во земјата и во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот