Излезе „Културен печат“ број 225 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 225

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 225, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (6-7.4.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Ана Јовковска за илустрираната книга за деца „Љубов во топка“: Детската книжевност ми дојде како природен процес откако станав родител

– разговор со битолскиот сликар Панде Петровски за изложбата „Метаморфози“ во Галерија „Остен“: Линијата не е само граница меѓу две површини

– Археолошкиот музеј со свечена академија одбележа 100 години постоење: Јубилеј исполнет со ентузијазам, елан и љубов за професијата

– изложба во Резиденцијата на ЕУ со наслов „Одејќи по тенки линии“: Разбивање на стереотипите за менталното здравје

– прошетка низ изложбата „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ поттикнува сеќавања на достигнувањата од процесот на обновата на Скопје

– изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ Скопје 1964-2024“ дава хронологија на оформувањето на сликата за современоста

– фестивалот „Танц фест Скопје“ под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ годинава го прославува јубилејот 20 години постоење

– Македонскиот народен театар ја промовираше книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“ од Антон П. Чехов преведена на македонски јазик

– Годишна изложба на Фотоклубот „Елема“ е поставена во Галерија „Рудиќ“ во Скопје

– промоцијата на новиот роман од Калина Малеска со наслов „Светот што го избрав“ се одржа на 2 април во кафе-книжарницата „Буква“

– во рамките на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана „Традуки“, во Скопје престојува писателката и сценаристка Дора Шустиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот