Излезе „Културен печат“ број 211 во новогодишниот број на весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 211

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 211, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (30.12.2023-02.01.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Александар Ношпал за балетскиот триптих „Молитви на моето тело“: Создадовме безвременско дело кое долго ќе се памети

– разговор со Никола Наумоски, менаџер на КЦ „Бруталиск“: Брутализмот е вплеткан длабоко во градскиот идентитет на Скопје

– министерката Бисера Костадиновска Стојчевска оствари предновогодишна средба со новинари од областа на културата

– проектот „Помеѓу надеж и страв“ на Славица Јанешлиева и Националната галерија е избран за национален претставник на 60. Уметничко биенале во Венеција во 2024 година

– издавачката куќа „Готен“ беше партнер во тригодишен меѓународен проект за книжевен превод

– научно-фантастичниот роман „Издигнување“ на Игор Раиден ја доби наградата „Новите!“ за 2023 година на „Темплум“

– стрип-наградата „Лифт“ за 2023 година ја доби Ѓорѓе Јовановиќ за стрипот „Наскоро градот ќе падне“

– премиера во Драмски театар: „Падот на Масада“ е динамична, жестока и повеќеслојна претстава

– последната премиера во Театар Комедија за 2023 година е изведбата на пиесата „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона во режија на Јане Спасиќ

– здружението „Контекст – Струмица“ во текот на декември реализираше неколку културни активности во Струмица

– ракописот „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова е победник на петтото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2023 година

– издавачката куќа „Темплум“ ја објави првата книга на авторот Миле Бошњаковски, насловена „Погром – Записи на Рафаел Дорон“

– новиот роман на Фросина Пармаковска со наслов „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е објавен во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“.

Честити празници и Среќна нова 2024 година!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот