Излезе „Културен печат“ број 203 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 203

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 203, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (4-5.11.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Славица Бабамова, директорка на Археолошкиот музеј: Интегрална презентација на три магични приказни

– разговор со фотографката Снежана Алексовска за изложбата „Брутален град“: Некогаш за добра фотографија е потребен само момент

– од МКЦ најавија богата програма за достојно чествување на театарската уметност на 48. Млад отворен театар (МОТ)

– нова хит-претстава во Театар Комедија: „Ало! Ало!“ на скопски начин

– театарски перформанс „Бура и продор“: Егото е најголемата бура со која се бори човекот

– документарниот филм „Патување пеш“ на Тамара Котевска оди на светска премиера во Њујорк

– скопската уметничка галерија „Ел Греко“ ќе одбележи 30 години од основањето

– Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ги додели традиционалните годишни награди за своите членови

– творештвото на скопската поетеса Даница Ручигај, која трагично го изгуби својот живот во скопскиот земјотрес, е објавено на српски јазик

– промовирана е збирката со изложбена поезија „Стражари на ноќта“ од Марија Митева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот