Излезе „Културен печат“ број 132 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 132, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (10-12.06.2022), во скратено издание на 4 страници заради продолжениот викенд, меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– во Небрегово е промовирана книгата „Разговори за Конески“ на Огнен Јанески: Поглед низ призмата на јазичното слободарење

– осврт кон 21. Оф-фест: Душата на светот преточена во музика

– младешки шарм и прекрасна енергија како најава на 62-то „Охридско лето“

– креативна експлозија на бои и соништа на Калина Брајковска на изложбата со наслов „Обиди се да се сетиш на своите соништа“

– Јана Манева Чупоска е избрана за нов претседател на вонредното собрание на ДЛУМ

– избрани се четири финалисти за наградата „Денес 2022“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот