Изградбата на булеварот „Босна и Херцеговина” влегува во завршна фаза

Фото: МИА

Булевар „Босна и Херцеговина” влегува во завршна фаза од изградбата и се очекува следната недела да биде пуштен во употреба, информираат од Град Скопје.

Оттаму истакнуваат дека новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина”, од улица со две ленти прерасна во современо булеварско решение со шест сообраќајни ленти и комплетна инфраструктура.

– Во текот на следната седмица се очекува да биде целосно завршен и пуштен во употреба. Со тоа Скопје добива целосно нов булевар со вкупна должина од околу 1700 метри, ширина од 40 метри, со шест коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни, а предвидено е и средишно и странично зеленило со прекрасни дрвореди од двете страни и ново улично осветлување, по целата должина од булеварот „Словенија” до булеварот „Христијан Тодоровски Карпош”, велат од Град Скопје.

Оттаму нагласуваат дека булеварот „Босна и Херцеговина” е дел од секундарниот северен прстен и како таков претставува важна и исклучително фреквентна сообраќајница во овој дел од градот.

Булеварот се протега од крстосницата со улицата „Македонско-косовска бригада” до крстосницата со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош”. Заедно со булевар „Словенија” ги поврзува граѓаните на општините Шуто Оризари, Карпош, Чаир, Бутел и Железара со преостанатиот дел од градот, додека со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” претставува брз излез на скопската обиколница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот