Изгоре куќа во Струмица

Во пожар, што избувна околу 9 часот, изгоре стара куќа, а зафатен е покрив од уште една на улицата „Јајце” во Струмица.

Во гаснењето на пожарот учествувале четири противпожарни возила и 12 пожарникари од Струмица и не е дозволено пожарот да ги зафати и останатите куќи во овој дел на градот, што е густo населен.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот