Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Врски“ од Емануела Пагано

Романот „Врски“ од француската писателка Емануела Пагано нè внесува во светот на љубовните приказни на повеќе од 300 различни врски. Преводот од француски јазик е на Ацо Пероски, а романот е објавен од издавачката куќа „Готен“.

Книгата опфаќа сцени меѓу сите родови и сексуалности, вклучувајќи ги првите состаноци, неверства, зависности, задоволства, незадоволства, горчливи сеќавања, големи страсти. Емануела Пагано ги бележи мирисите, гестовите, гласовите што ги споиле и раздвоиле двајцата љубовници и го тематизира нивното прашање на територијата, просторот, блискоста и оддалечувањето, слободата и доминацијата. „Врски“ е прослава на љубовта, калеидоскопска слика на различните видови љубов и сексуалности со кои се соочува модерниот човек.

Емануела Пагано (1969) е француска писателка. Студирала аудиовизуелни уметности и до 2012 година работела како професорка по ликовна уметност, а потоа целосно се посветува на пишувањето. Авторка е на петнаесетина прозни книги.

За својот роман „Троглодитни тинејџери“ ја добила Наградата на Европската Унија за книжевност во 2009 година. Романот „Врски“ е објавен во 2013 година. Нејзините книги се преведени на десетина европски јазици. Издавањето на книгата на македонски јазик е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 103, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 30-31 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот