ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ ВО ЛЕТО: Дименото месо и риба најопасна храна на плус 40

димено месо
Илустративна ф

Доколку сте од оние што во никој случај не можат да престанат да јадат сувомеснати производи и димено месо во лето иако температурите се искачуваат и над плус 40 степени, тогаш мора да бидете свесни дека можете сериозно да си го нарушите здравјето. Месните преработки и дименото месо можат во голема мера да ви ја „исцицаат“ водата од организмот, која е исклучително потребна во овој период од годината.

Сувомеснатите производи и димените меса се штетни и поради тоа што во нивниот процес на преработка се подложни на многу хемиски третмани и ставања на одредени хемиски материи во нивниот состав, сè со цел да се добие подобар вкус што ќе ги мами купувачите што, пак, од друга страна, на трговците ќе им донесе дополнителна заработувачка.

Обидете се самите да си направите вкусно месо

Иако сте свесни дека ваквиот вид месо и месни преработки не се препорачливи за консумирање, но и доколку не можете да се убедите самите себеси дека треба да престанете со нивното јадење, тогаш најдобрата варијанта е самите да си направите димено месо и на тој начин секогаш да бидете сигурни што јадете. Сепак, доколку не сте во можност самите да си направите димено месо, нутриционистите препорачуваат да избегнувате ваков вид храна што ќе ја купите во месарниците, особено во овој период од годината. Издржете, бидејќи наскоро температурите ќе започнат да се намалуваат, а штетните последици од консумирањето на ваквиот вид месо ќе бидат значително помали, иако никогаш нема да исчезнат во целост.

Течен дим

Димењето на месото е долг и макотрпен процес и во домашни услови, но и во фабриките што преработуваат месо. Токму затоа многу производители користат таканаречен течен дим, кој го забрзува процесот на добивање на посакуваниот вкус на месото.

Според експертите во оваа област, иако нема докази дека течниот дим е опасен по здравјето, сепак, премногу димена храна може да предизвика труење со храна, наведува „Brightside“.

Покрај тоа, секој човек е препорачливо да знае дека димената храна не е добра за здравјето и не би требало да ја јадете повеќе од три-четири пати месечно.

Кога купувате димено месо или риба, треба да внимавате тие да бидат суви и со не многу јака боја.

Бојата на површината не би требало да има никакви темни или светли точки – би требало да биде рамномерна.

Скандинавски научници откриле дека димените месни производи го зголемуваат ризикот од настанување карцином на желудникот, но доколку се јаде во умерени количини, ризикот за појава на оваа болест е незначителен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот