„Ивент индустрија” трет ден по ред организира протести пред Влада

Скопје, 01 март 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен Печат.

И покрај дводневните протести пред Влада, претставниците на „Ивент индустријата” се уште не добија одговор за состанок со Владата на Северна Македонија. Од Ивент индустријата (ИВАП) за МИА изјавија дека ќе протестираат се додека не бидат повикани на состанок со Владата на кој ќе бидат слушнати нивните барања.

Организаторите посочија дека се свесни за економската состојба на државата, но сепак и тие се една од најзагрозените гранки во индустријата како последица на коронавирусот и мерките што Владата ги воведе, а освен шесте месеци помош за плата немаат добиено друга поддршка.

Како членка на  Паневропската Алијанса, ИВАП информира дека тие ќе бидат известени за начинот на кој се третирани, а известувањето ќе биде испратено до Брисел, како и дека Европската Унија навреме препознала дека ивент индустријата е мала, но од големо значење и  преземала мерки да им помогне финансиски.

Протестите на секторот за организација на настани и денеска продолжуваат пред Влада, од 12 до 15 часот и како што велат ќе траат се додека не бидат исполнети нивните барања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот