Иван Перишиќ пред сензационално враќање во Хајдук

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Иван Перишиќ е блиску до сензационално враќање во хрватски Хајдук, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Италијанскиот експерт за трансфери истакна дека Перишиќ наскоро ќе го раскине договорот со Тотенхем и ќе потпише за Хајдук. Актуелниот договор на Перишиќ му истекува за уште една година.

Минатата сезона 34-годишникот кој игра на позицијата лево крило одигра 44 натпревари за лондонскиот клуб и запиша 12 асистенции и еден гол.

Дека навистина постои сериозна можност Перишиќ да се врати во Хајдук потврдува и тоа што по Ди Марцио истата информација ја објави и Фабрицио Романо.

Самиот Перишиќ на прославата на бронзата со репрезентацијата на Хрватска минатата година го најави своето враќање.

„По титула ќе одиме со нашиот најдраг Хајдук, нема да кажам која година, но нема уште долго да чекате мое враќање“, изјави Перишиќ на дочекот кога навивачите го пречекаа со транспарент „Иване, време е“.

Перишиќ првите фудбалски чекори ги направи во Хајдук, но никогаш не дебитираше за првиот тим бидејќи си замина во француски Сошо пред да дочека прв настап за сениорскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот