Итно вратен шпион на ЦИА од Србија, имал сериозни невролошки заболувања

ЦИА/ Фото Архива на Слободен Печат

Разузнавач на американската ЦИА кој работел во Србија е евакуиран откако претрпел сериозни невролошки напади познати како Хавански синдром.

Симптомите на овој синдром вклучуваат мачнина, силни главоболки, болка во ушите, замор, несоница и тромост, а почнаа да се појавуваат во последните месеци.

Серијата симптоми првпат се појави 2016 година меѓу американските дипломати на Куба, а оттогаш се забележани и во Кина, Русија и во поново време во Австрија. Имаше и непотврдени случаи во Полска, Тајван, Грузија па дури и во Вашингтон.

Американски официјални лица сметаат дека станува збор за оркестирани напади врз американски шпиони и дипломати од страна на непознати напаѓачи во странство преку користење, некој вид извор на енергија, но тоа засега е само сомневање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот