Итна седница на Совет на безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Колаж: ЕПА-ЕФЕ

Советот за безбедност на Обединети нации на барање на европските држави утре ќе одржи итна седница за Нагорно-Карабах, каде во тек е судир помеѓу ерменската и азербејџанската армија.

Германија и Франција ја покренаа иницијативата, а беа поддржани и од Естонија, Белгија и Велика Британија. Седницата на СБ ќе се одржи зад затворени врати.

Според најновите информации во судирот загинаа најмалку 67 луѓе.

Ерменија и Азербејџан со децении се борат за Нагорно-Карабах, област претежно населена со Ерменци, која за време на СССР беше припоена кон Азербејџан.

Фотографијата е направена од видеоматеријалот објавен на 28 септември 2020 година на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана на Азербејџан / Фото: EPA-EFE/AZERBAIJAN DEFENCE MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT / BEST QUALITY AVAILABLE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во судирите за контрола врз Нагорно-Карабах во периодот од 1988 до 1994 година загинаа 30.000 луѓе, а повеќе стотици илијади луѓе ги напуштија своите домови.

Во 1994 година потпишано е примирје, но Баку и Ереван не се договорија за правниот статус на спорната област, која официјално и понатаму е дел од Азербејџан. Оттогаш има спорадични судири во Нагорно-Карабах, што се наоѓа помеѓу Иран, Русија и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот