Италијански новинар со пофалби за Елмас: Тој е вистински пример за сериозност

Фото: EPA-EFE/Simone Arveda

Елиф Елмас игра одлична сезона во дресот на Наполи, македонскиот „дијамант“ постигна шест гола во Серија А, што е негова најефикасна од доаѓањето во Неапол, а додаде и една асистенција.

Кога и да добие шанса Елмас од Спалети секогаш го дава најдоброто и се забележува неговото влијаение на теренот, сезонава настапи на 22 натпревари, но само на седум беше стартер. Големи пофалби сега на адреса на Елмас пристигнаа од италијанскиот новинар Фабио Кареса.

„Фудбалерите како Елмас се вистински пример за сериозност. Кога дојде во Наполи сите го посочуваа како небрусен дијамант, а сега почна силно да сјаје. Треба да им се честита на сите во клубот, посебно на Спалети, најмногу за неговоата позитивна енергија која ја дава клупата“, истакна Кареса.

Во Наполи Елмас дојде од Фенербахче за сума од 16 милиони евра, а иако не е редовно стартер неодамна се појави информација дека Наполи нема да преговара за негова продажба за сума под 50 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот