Наполи одлучил: Елмас може да замине, но само за 50 милиони евра

Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Сезонава Наполи игра одлично и е блиску до освојување на Скудетото во Италија, а македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кога и да биде на теренот го покажува својот квалитет.

Нема улога на стартер Елмас и оваа сезона и игра како „џокер“ од клупата, меѓутоа и така „дијамантот“ има најефикасна сезона од кога е во Наполи со пет постигнати голови. Лучијано Спалети го ротираше на неколку позиции во средниот ред.

Наводно токму опцијата да може да игра на повеќе позиции во средниот ред е главната причина поради која Наполи не сака да се откаже од неговите услуги. Новинарот Франческо Модуњо на „Теленовело“ повикувајќи се на извори блиски до клубот објави колкава е цената на македонскиот фудбалер.

„Елмас сега е еден од највредните фудбалери на Наполи и има нова цена. Наполи сака да го продаде само за 50 милиони евра. Ако се најде купувач нема да биде за помалку пари“, изјави Модуњо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот