Италијанците импресионирани: Сигурни сте дека Елмас има 19 години? (ФОТО)

twitter.com/sscnapoli

Секако ова е само подготвителен период каде што се тестираат сите фудбалери кои ги има на располагање Анчелоти, а нешто подоцна ќе го крои најдобриот тим, најспремните за новата сезона.

Се надеваме дека меѓу нив ќе биде и Елмас кој блесна на гостувањето на „Велодром“ и имаше клучна улога во триумфот над Олимпик Марсеј.

принтскрин/tuttonapoli.net/

Веднаш после завршувањето на натпреварите лавина позитивни коментари, од навивачите на Наполи, италијанските медиуми, а на социјалните мрежи се активни и фановите на Фенербахче кои секако не можат така лесно да го заборават својот поранешен миленик.

Италијанскиот медиум „Тутомеркато“ е исто така импресиониран од настапот на македонскиот „Дијамант“ кој му даде највисока оценка „7“ заедно со Каљехон, Манолас, Фабиан и Мертенс.

принтскрин/tuttonapoli.net/

Како на шега изворот прашува: Дали сте сигурни дека Елмас е роден во 1999 година? Дефанзивно поставен со екстремно голем квалитет, многу добар поглед кон соиграчите меѓу линиите. Изненадува и од физички аспект, успешен во дуелите и покажува одличен карактер.

Истиот извор вели дека голот против Марсеј беше постигнат како на „плејстејшн“ и таа акција започна да се креира токму од Елмас. Исто така како на шега „се сомневаат“ дури и дека има 19 години и дека со своите перформанси делува многу позрело на теренот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот