Фантастичен Елмас на „Велодром“, креираше победничка акција за Наполи (ВИДЕО)

facebook.com/SSCNapoli/

Тренерот на италијанскиот вицешампион Наполи, Карло Анчелоти му даде шанса на Елмас да стартува од првата минута, а првото полувреме го искористи на најдобар можен начин.

Нашиот играч го одигра првото полувреме, имаше нешто подефанзивна улога, иако придонесуваше и во средниот ред. Анчелоти уште на прес конференциите најавуваше дека Елмас може да игра на повеќе позиции, па така овие контролни средби ќе се искористат да види кое ќе биде најдоброто место за фудбалерот во пресрет на новата сезона.

Дефинитивно има што да му каже и советува после овој пријателски натпревар кој Наполи го доби триумфирајќи со 1:0 против Олимпик Марсеј.

Токму акцијата во 39 минута ја започна нашиот интернационалец, се креираше убава акција во нападот, топката стигна до искусниот Мертенс кој ја затресе мрежата на Манданда.

И навивачите на Наполи се веќе воодушени од 19-годишниот македонски „дијамант“ со позитивни коментари на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот