Италија воведува петдневен карантин за жителите на ЕУ за велигденските празници

Италијанска полиција/Фото: EPA-EFE/Andrea Fasani

Италија ќе воведе петдневен карантин за патниците од земјите-членки на ЕУ, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство.

Сите патници од Европската унија ќе мора да бидат тестирани пред патувањето, да го почитуваат петдневниот карантин и потоа, по карантинот, повторно да бидат тестирани. За патниците кои ќе дојдат од земја надвор од ЕУ, во сила е карантин од 14 дена.

Мерката се однесува на сите што се движат кон и од полуостровот, вклучително и италијанските државјани, изјави претставник на Министерството.

Новата мерка стапува на сила веднаш, следниот ден по објавувањето во службен весник, и ќе важи до 6 април, соопшти Министерството, бидејќи Велигденскиот викенд, што почнува во сабота и завршува во понеделник, е многу популарен меѓу странските туристи за посета на Италија.

Во повеќето делови на земјата се воведени строги мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата во третиот бран од ковид-19, при што кафулињата и рестораните се затворени, а патувањата се ограничени.

За време на Велигденскиот викенд цела Италија ќе биде во црвена зона, што значи висок ризик од инфекција и максимални мерки за заштита.

Во земјата од Ковид-19 досега умреа над 108.000 лица, според Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот