Италија рекордер по бројот на починати од ковид-19 во Европа

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми во изминатите 24 часа за 553, што претставува намалување во однос на претходниот ден кога изнесуваше 628, соопшти Министерството за здравство.

Со најновиот биланс, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Италија надмина 70.000 и изнесува 70.395, најмногу во Европа.

Бројот на новозаразени се зголеми за 14.522, што е повеќе во споредба со претходниот ден, кога изнесуваше 13.318.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја од коронавирус се инфицирани речиси два милиона луѓе.

Во италијанските болници моментно се наоѓаат 24.546 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот