Истражувања: Гренланд го губи мразот по две сценарија

Фото: phlebas.co

Последните истражувања од теренот покажуваат мошне загрижувачки податоци во врска со топењето на мразот на Гренланд. Според објавените бројки, мразот на овој остров се топи со најбрза стапка во последните 12.000 години.

Топењето на мразот може да се зголеми за четирипати во наредните 80 години, доколку емисиите на стакленички гасови не се намалат драматично во следните децении. Истражувањето објавено неодамна во списанието „Нејчр“ предупредува дека идните загуби на мразот во голема мера ќе зависат од тоа колку брзо луѓе ги намалуваат емисиите на јаглерод денес.

Џејсон Бринер од Универзитетот во Бафало го предводеше тимот на истражувачи на Гренланд, а истражувањето на виделина извади антички примероци на мразот од Гренланд, по што и се можни компаративните тестирања на забрзаната стапка на топењето.

– Сега навистина сме во можност да дадеме перспектива колку е аномална нашата сегашна промена и идните промени, рече Џош Кузон, коавтор на истражувањето и научник од Универзитетот во Калифорнија.

Истражувачите користеле модели според податоците на античките примероци на мраз, извадени од ледената плоча, за да ја реконструираат историјата на Гренланд во последните 12.000 години. Исто така, тие користеле модели за да предвидат како може да се промени мразот под различни климатски сценарија, претпоставувајќи и повисоки и пониски нивоа на стакленички гасови во текот на остатокот од овој век.

Пред индустриската ера најголемите стапки на загуба на мраз на Гренланд во последните 12.000 години биле околу шест билиони тони мраз во еден век. Тоа е слично на брзината со која мразот се топи денес на Гренланд. Со оглед на тоа што климата продолжува да се затоплува, се очекува тие стапки да се зголемат.

Истражувачите испитале две можни сценарија за климата во иднина. Првото претпоставува дека луѓето успеваат да ги одржат глобалните температури на околу два Целзиусови степени од нивните прединдустриски нивоа – главната цел на меѓународниот Париски климатски договор.

Во ова сценарио Гренланд, најверојатно, сепак ќе изгуби повеќе од осум милијарди тони мраз во текот на овој век – побрза стапка отколку во која било друга точка во последните 12.000 години.

Второто сценарио претпоставува високи стапки на емисии на стакленички гасови, слични на денешните, за остатокот од векот. Доколку се случи тоа, моделите посочуваат дека ледената плоча може да изгуби 14 до 36 милијарди тони мраз во текот на овој век.

– Истражувачите сега се сè посигурни дека ќе доживееме невидени стапки на загуба на мраз од Гренланд, освен ако емисиите на стакленички гасови не се намалат значително, вели Енди Ашванден, истражувач на Универзитетот во Алјаска, Фербенкс.

Гренланд е веќе најголем придонесувач за глобалното покачување на нивото на морето. И разликата во 20 милијарди или 30 милијарди екстра тони мраз од сега до крајот на векот значи покачување на нивото на морето од неколку сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот