Исповед на таткото на берберот од Малча: Срам ми е, не сакам да слушнам за него

Фото: Српско МВР

Дваесет и две години затвор не помогнале Нинослав да се поправи, но никогаш и нема, вели татко му.

Дваесет и две години затвор не помогнале Нинослав да се поправи, но никогаш и нема. Срам ми е. Не сакам да слушнам за него, рекол таткото на берберот од Мaлча за српските медиуми, кој не сакал да биде фотографиран, но ниту да го каже јавно своето име.

Нинослав Јовановиќ на 20. декември извршил последно киднапирање. Тогаш на пат до дома од училиште ја киднапирал 12-годишната Моника Каримановиќ. Девојчето за среќа било пронајдено после 10 дена потрага. Злосторство какво Србија не памети.

-Го пријавив неговото исчезнување уште во јули. Оттогаш го немам видено, слушнав дека се шета наоколу, но не знам ништо повеќе од тоа. Кога слушнав дека ја киднапирал Моника се загрижив само за тоа дете. За него не. Ништо што има врска со него не ме интересира. Тој е голем товар кој го носиме на плеќите – рекол Јовановиќ за „Новости.рс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот