Исповед на луѓе кои го преживеале коронавирусот: Започнува со главоболка и вртоглавица, а потоа се влошува

Бројот на заболени од коронавирус продолжува да расте. Заразени се повеќе од 80 илјади луѓе, а загинати се најмалку 2.705 лица.

Жртвите на вирусот се обично постари лица, со ослабен имунитет, но постои и пријавени случаи на млади лица со симптоми на коронавирус.

Ризикот од смртта кај лицата кои се во добра здравствена ситуација е 0,9 отсто.

Хунаг (23) Вухан, Кина

Првиот пациент кој закрепна од коронавирусот беше 23-годишниот Хуанг кој опиша како изгледа кога имате коронавирус.

– Во рок од недела дена имав грозница и бев лекуван во карантин. На почетокот имав глабоволка, вртоглавица и омалаксаност. Кога ситуацијата се влоши, заминав во болница. Со пеницилин инекции не успеаа да ми помогнат, се сеќава тој и додава дека бил толку болен што не успеал да се помрдне.

Пенг (34) Хубеи, Кина

За среќа, Хунаг им се јавил на докторите на време, што е исто толку важно колку и кај секоја болест, но една 34-годишна жена била една од пациентите кои не се јавиле на време.

Првите симптоми ги почуствувала на 27 јануари, а кај докторите отишла дури една недела откако почнала потешко да дише.

Кога стигнала во одделението, мислела дека нема да успее да стигне до собата, но болничкиот персонал веднаш ја сместиле на интензивна нега. По две недели лекување, Пенг била пуштена од болница и имала негативен тест на вирус.

Таа признава дека по напуштање на болницата била ставена во домашен карантин.

– Температурата нон-стоп ми варираше. Едно утро имав 38,5, друго 37,2 за следно утро да имам 39,1. Не можев да престанам да размислувам за се тоа низ кое пројдов, признава оваа жена.

Џангџанг (28) Ченгду, Кина

Иако коронавирусот може да ги оштети белите дробови, Џангџанг успеала да се излечи од вирусот, а потоа преку скенер било воспоставено дека нејзините бели дробови се во добра состојба.

Сите луѓе кои боледувале од коронавирусот и биле излечени, докторите ги советувале во наредните две недели да бидат во строга изолација. Доколку почуствуваат било какви симптоми за време на тој период би требало итно да се јават во болница.

Прочитајте кој има најголеми шанси да се зарази од коронавирусот Ковид-19 и како да се заштите од зараза.

Доколку се чувствувате заразено, Министерството за здравство објави телефонски линии за пријавување на симптоми на коронавирусот. Целатa листа на броеви е достапна тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот