ПОСЛЕДНИ СТАТИСТИКИ: Кој има најмногу шанси да се зарази од коронавирусот? (ИНФОГРАФИК)

Фото: EPA-EFE/XIONG QI / XINHUA

Растат стравувањата дека епидемијата на коронавирусот ќе прерасне во пандемија поради сѐ повеќето заразени во светот, објави вчера Би-Би-Си.

Од Светската здравствена организација (СЗО) велат дека е рано за прогласување на пандемија, но земјите би требало да бидат подготвени за такво сценарио. За пандемија се смета времето кога заразата со голема брзина се шири од човек на човек.

Најмногу заразени има во Кина, но и Јужна Кореја, Италија и Иран се борат со вирусот кој ја предизвикува респираторната болест Ковид-19.

Денеска официјално е потврден и првиот случај на лице заболено од коронавирус во Хрватска, кога младо момче кое било во Милано во периодот од 19 до 21 февруари се заразило од Ковид-19. Во моментов и девет лица во Риека се испитуваат под сомнение дека се заразиле со вирусот, а потврдени се и првите два случаи во Австрија.

Во меѓувреме, Владата на Република Северна Македонија наложи сите патувања и екскурзии кон Италија да бидат откажани.

КАКО ИЗГЛЕДААТ СТАТИСТИКИТЕ?

Според последните официјални статистики добиени на 17 февруари, од сите 72,314 потврдени случаи на лица заболени со коронавирусот, процентот на смртни случаи според возраста е следниот:

Кога станува збор за полот, овој вирус дефинитивно е пофатален за мажите отколку за жените.
Научниците се согласуваат со истражувањата дека жените почесто ги мијат рацете со сапун, за разлика од мажите, а ова е една од најбитните превентивни мерки. Исто така, бидејќи најголем дел од статистиките доаѓаат од Кина (каде што и вирусот е најраспространет), бројките покажуваат дека мажите кои се заболени од Дијабетес тип 2 се во поголем број од жените, а воедно и поголем број припадници на машкиот пол се пушачи. Овие се некои од фактите кои ги прават мажите поподложни на заразата од жените.

Веќе е познато дека Ковид-19 ги напаѓа постарите лица. Голем број од лицата кои починале досега, веќе се бореле со некаква здравствена состојба. Најмногу смртни случаи се забележани кај лицата дијагностицирани со кардиоваскуларни болести, додека најмногу луѓе дијагностицирани со хипертензија се заразиле од коронавирусот.

ШТО ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ?

За да се заштитите од Ковид-19 најбитно од се е да ги одложите патувањата во државите и местата каде во моментов е присутен Ковид-19! 

Личната хигиена игра голема улога во превентивните чекори, така што МИЈТЕ ГИ ДОБРО ВАШИТЕ РАЦЕ СО САПУН, а особено брзо по контакт со животински производи или животни, како улични мачки, кучиња, глувци, птици итн. 

ИЗБЕГНУВАЈТЕ контакт со вашите очи, уста, нос, лице доколку вашите раце се неизмиени. Не допирајте расипана храна, болни животни, отпад и отпадни материи.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕТЕ заштитни маски, мантили и ракавици додека работите со животни или производи од животинско потекло. По завршувањето на работата, ВЕДНАШ извадете ја облеката и перете ја СЕКОЈДНЕВНО. Исто така, не ги изложувајте членовите на вашето семејство, или луѓето со кои живеете на работната опрема.

Доколку конзумирате ХРАНА од ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО, истата треба да е ЦЕЛОСНО и ВНИМАТЕЛНО подготвена.

ДИСТАНЦИРАЈТЕ се од еден до три метри од луѓето кои кашлаат или киваат. Кога сме болни, додека киваме или кашламе, испуштаме мали ликвидни капки од носот и устата – оние што се околина може да ги вдишат истите и да се заразат. На овој начин се пренесува и коронавирусот.

Доколку немате хартија или шамивче, а имате чувство дека ќе кивнете или искашлате, ПОКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА УСТА со ВНАТРЕШНАТА СТРАНА НА ЛАКТОТ наместо со ДЛАНКИТЕ. Доколку сте искористиле хартија, внимателно завиткајте ја и фрлете ја во канта за отпадоци.

Доколку КАШЛАТЕ, КИВАТЕ или почувстувате ПОВИСОКА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА, веднаш побарајте МЕДИЦИНСКА ПОМОШ.

Министерството за здравство штотоку ги објави и телефонските линии за пријавување на  симптоми на коронавирус. Цела листа е достапна тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот