Исланд прв го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведска - Финска - НАТО илустрација/ Фото Andre M. Chang / Zuma Press / Profimedia

Исланд е првата земја од НАТО што го ратификуваше членството на Финска и Шведска во Алијансата – исландскиот парламент однапред даде согласност во јуни, објави финскиот портал за јавен сервис „Иле“.

Откако исландскиот претседател Гудни Торлациус Јоханесон потпиша денеска, документите за ратификација беа испратени до американскиот Стејт департмент.

Одлуката за ратификација на протоколот на Северноатлантскиот договор за пристапување на Финска и Шведска денеска треба да ја донесе естонскиот Парламент.

Постојаните претставници на земјите-членки на НАТО го потпишаа пристапниот протокол во Брисел, а по потпишувањето, членките на Алијансата мора да го ратификуваат протоколот во согласност нивното законодавство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот