Исчистена дива депонија во општина Ѓорче Петров - Слободен печат
ВестиСкопје

Исчистена дива депонија во општина Ѓорче Петров

Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за расчистување обемна дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општината Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

И во оваа прилика ги информираме граѓаните на градот Скопје дека застарениот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема може да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close