Иса Мустафа реизбран за претседател на Демократскиот сојуз на Косово (ФОТО)

Gazeta Express

Иса Мустафа е реизбран за лидер на Демократскиот сојуз на Косово, на деветтото Изборно собрание на оваа партија која се одржа денеска.

Другиот кандидат, поранешниот претседател Фатмир Сејдиу, доби само 78 гласови од партиските делегати, при што Мустафа остана единствениот кандидат во трката.

Коха нет дознава дека поранешниот претседател Сејдиу ја напуштил салата, откако не добил доволно гласови за да добие статус на кандидат, што треба да биде 50% плус 1 глас.

Ова е третиот мандат на поранешниот премиер Иса Мустафа како лидер на партијата основана од Ибрахим Ругова.

Kosovapress

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот