Ирскиот премиер Лео Варадкар поднесе оставка

Според ирскиот Устав, премиерот и владата ќе продолжат да ги исполнуваат своите должности се додека не се назначат нивни наследници, се наведува во владиното соопштение.

Ирскиот премиер Лео Варадкар поднесе оставка, но поради преговорите за формирање нова влада, тој ќе остане да ја извршува функцијата.

Тој синоќа му ја предал својата оставка на претседателот на државата Мајкл Хигинс.

Според ирскиот Устав, премиерот и владата ќе продолжат да ги исполнуваат своите должности се додека не се назначат нивни наследници, се наведува во владиното соопштение.

Преговорите за состав на нова влада се веројатно многу тешки, поради паритет во новиот ирски парламент. Билансот на моќ во Парламентот е таков што најмалку три партии ќе треба да постигнат договор за да формираат коалициска влада. На изборите кои се одржаа на 8 февруари ниту една партија не покажа убедлив резултат.

Партијата на Варадкар Фин Гејл е трета политичка сила со 35 пратеници, но има само три помалку од првопласираната Фин Фојл (38) и два помалку од втората Шин Фејн (37), која се смета за политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА), паравоена организација што се спротивставува на британското присуство во Северна Ирска.

Фин Фојл и Фин Гејл ја отфрлија можноста за соработка со Шин Фејн, кој, пак, започна консултации со помалите левичарски партии со надеж дека ќе формираат широка коалиција. Но, шансите за успех се мали.

Преговорите би можеле да одземат време и доколку не успеат ќе доведат до нови избори.

По последните парламентарни избори во 2016 година, беа потребни 70 дена да се формира коалициска влада во која беа вклучени и Фин Фојл и Фин Гејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот