Ирскиот град Грејстонс со ново правило: Нема смарт телефони за децата до средно училиште

Родители на деца во основните училишта во округот Виклоу во ирскиот град Грејстонс се здружиле и усвоиле забрана на користењето на смарт телефони до средно училиште, објави „Гардијан”.

Претставниците на осумте здруженија на родители од осум основни училишта велат дека ако никој не користи телефон, децата нема да се чувствуваат како да се чудни. Така, според нив, многу е полесно да се каже не.
Според „Гардијан”, станува збор за редок пример цел град заеднички да дејствува по ова прашање.

Планот е на децата да им се ускрати правото на употреба на смарт телефони дома, на училиште и каде било сѐ додека не тргнат во средно училиште.

-Примената на овој план на сите деца во оваа област се надеваме дека ќе го скроти притисокот на врсниците и ќе ублажи секаква огорченост кај децата – велат родителите.

Оваа политика ги намалува шансите детето да има врсници со смарт телефон, а родителите забраната можат да ја претстават како правило на училиштето.

Иницијативата, како што наведува „Гардијан”, предизвика интерес кај здруженијата на родители во Ирска и во странство и го натера ирскиот министер за здравство Стивен Донели кој живее во близина на Грејстонс да препорача усвојување на таков предлог на национално ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот