Иран поднесе жалба против САД до Обединетите нации

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Техеран официјално поднесе жалба против САД во Советот за безбедност на Обединетите нации против аферата со американското воено беспилотно летало.

Според она што го истакнале од Иран, леталото било соборено, бидејќи летало во иранскиот воздушен простор, додека од Вашингтон го тврдат спротивното, односно дека дронот бил во меѓународен воздушен простор.

Овој инцидент дополнително ги загрози веќе лошите односи на овие две земји.

Во жалбата поднесена до ОН, како што пренесуваат светските медиуми, пренесуваат дека Иран го задржува своето право да го брани својот воздушен простор, и дека се противат на какво било загрозување.

Тензиите меѓу САД и Иран се зголемени уште од мај 2018 година кога Вашингтон отстапи од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе тешки економски санкции кон оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот