Иран и САД се враќаат на преговарачка маса?

Иран е подготвен да преговара со САД ако Вашингтон ги укине санкциите и се врати во нуклеарниот договор од 2015 година, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека се отворени за преговори со Иран, со цел постигнување на договор за нуклеарните и безбедносните прашања.

– Секогаш верувавме во разговори. Ако ги укинат санкциите, стават крај на наметнатиот економски притисок и се вратат на нуклеарниот договор, подготвени сме да разговараме со Америка денеска, веднаш сега и каде било – изјави Рохани.

Меѓутоа, како предуслов за преговорите, Иран одредил на оваа земја да и се овозможи извоз на толку нафта колку што имало пред САД да се повлечат од нуклеарниот пакт со светските сили, во мај 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот