Ирак: Пожар и експлозија во магацин за оружје, 14 повредени, поголемиот дел се деца

/Фото: Скриншот

Во јужниот дел од едно преградие во Багдад, во магацин за оружје избил пожар, по кој следувала експлозија, при што 14 лица биле повредени, а поголемиот дел од нив се деца, јавуваат светските медиуми.

Пожарот избил во една од базите на шиитските сили за самоодбрана, а во неа имало и ракети со краток домет, пренесува Ројтерс.

Поради пожарот се активирале и неколку рактети кои паднале на неколку километри оддалеченост од населено место.

Во таа прилика се повредени 14 лица, повеќето деца, соопштил локален здравствен функционер.

Портпаролот на Министерството за здравје, Саиф Бадр, изјавил дека се во прашање полесни повреди и дека поголемиот дел од повредените веќе се пуштени од болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот