Интер нема да преговара со Челси во намерата да го задржи Лукаку

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Според италијанските медиуми, Ромелу Лукаку најверојатно ќе се врати во редовите на Челси поради неговиот слаб учинок во дресот на Интер каде што игра на позајмица.

Миланските „нераѕури“ нема да преговараат со лондонските „сини“ во намерата да го задржат белгискиот репрезентативен напаѓач и се шпекулира дека клубот од „Џузепе Меаца“ веќе е во потрага за негова замена.

Лукаку постигна само три голови во 18 настапи во Серија А сезонава, од кои два беа реализирани од пенал.

Интер постигна само 48 гола на 30 одиграни натпревари оваа сезона во Серија А, додека минатата сезона постигна 63 гола по исто толку мечеви.

Миланскиот клуб ќе бара ново решение во нападот, кандидати се Роберто Фирмино и Маркус Тирам, а прва желба е Матео Ретеги за кој би платиле околу 18 милиони евра. Интерес има и за Лоис Опенда од Ленс, кој оваа сезона во францускиот шампионат има постигнато 15 гола за оваа екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот