Инсулин нема никаде

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пациенти болни од дијабетес се жалат дека подолго време не можат да обезбедат инсулин. Читатели на Слободен печат алармираат дека Ново Микс во одредени амбуланти не може да се најде повеќе од три недели.

-Во Битола веќе една недела нема инсулин, се снаоѓаме на свој начин, разменуваме со познаници, но тоа не е решение, се жали битолчанката Биле.

Инсулин нема ниту во поликлииката Букурешт. Таму немаат најава за евентуално пристигнување на нови дози инсулин, ниту имаат информации колку дози ќе им пристигнат откако ќе биде направена набавката.

Според дијагнозата секој прима различен вид на инсулин. Бојан Киров од здружение за едукација и советување на лица болниод дијабетес Т1Д вели дека има недостаток на три вида инсулин и тоа Апидра, Лантус и НовоМикс 30.

-Јас користам Апидра меѓутоа не успеав да обезбедам бидејќи немаше во Ѓорче Петров, каде што јас земам инсулин. Имам резерва за еда недела, после што ќе правам не знам. Не само јас, и моите познаници од другите градови и делови од Скопје чекаме да се достави инсулинот, вели Киров.

Од министерство за здравство велат дека од утре повтоно ќе го има инсулинот во аптеките.

-Инсулинот Новомикс ќе биде достапен од утре во аптеките кадешто граѓаните го набавуваа и досега. Временскиот застој во испораката на порачката е поради зголемена побарувачка на досегашната предвидена залиха за потрошувачите, на месечно ниво, одговорија од Министерството.

Пред точно една година министерот за здравство Венко Филипче најави поврзување на порошувачката на инсулин со електронскиот сервис Мој термин, со цел да се следи трошењето на инсулин, и да се избегнат проблеми со недостатоци на лекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот