Индустријата на лаги станува растечки бизнис

Кликбејт маркетинг / Фото: Niall Wiggan / Panthermedia / Profimedia

Поголемиот дел од луѓето кои „паѓаат“ на лажни реклами на социјалните мрежи не ги пријавуваат, но и покрај тоа, бројките се запрепастувачки. Светските трговски комиси бележат дека во 2021 година, „повеќе од 95.000 луѓе пријавиле околу 770 милиони долари загуби поради измама од лажни информации иницирани на платформите на социјалните медиуми“

Дезинформациите го најдоа своето место и во бизнисот. Она што е застрашувачки е фактот дека овие несакани појави сега започнаа да генерираат финансии на интернет врз грбот на лековерните граѓани. Имено, интернетот кој е неограничен простор полн со предизвици, но и демначи, кои се подготвени да украдат не само идентитети, туку и цели профили на јавни личности, институции па дури и функционери за да ја остварат својата цел периодов се во пораст пишуваат на оваа тема повеќе светски медиуми.

Анализите на оваа тема говорат дека многу е тешко да се регулира активирањето на реклами на интернет и така да се избегнат измами. Проблематично е т.н. програмско рекламирање, кое е индивидуализирано појавување на рекламни банери врз основа на податоците за интересите на корисникот. Тој комплексен процес има многу дупки, кои криминалците ги користат а државите во светот но и во регионот ретко кои го имаат регулирано овој простор законски.

Најчеста злоупотреба на имиња на лекари и угледни лица кои во општеството имаат доверба

Во македонскиот комплекс на лажните вести кои беа профитабилни за бизнисите на интернет, јавноста сè уште ги памети случаите со популарниот микробиолог и професор на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски и неврохирургот д-р Арбен Тараври, актуелен градоначалник на Гостивар и поранешен министер за здравство.

И во двата случаи имињата на докторите беа злоупотребувани за маркетинг и финансиски профит на компании токму преку лажни, манипулативни содржини пласирани преку социјалните мрежи. Дополнителен загрижувачки факт е дека иако по веќе поведен судски предмет во еден од случаите, сè уште нема разрешница ниту пак одговорност за направената злоупотреба.

Македонската полиција, Агенцијата за храна и ветеринарство и пазарната инспекција пак, со години „не успеваат“ во потрагата по главните виновници за овој таргетиран бизнис кој преку мониторите, цели длабоко во џебовите преку нечесен маркетинг не им е ниту во надлежност да ги бараат.

Ниту Балканот не е имун на манипулативните реклами

Вакви злоупотреби има на цел Балкан наведуваат повеќе истражувања на оваа тема. За ваков пример сведочи и последно забележаниот во Босна и Херцеговина која е плодна почва за вакви малверзации, потврдува проф. д-р Бранислав Михајловиќ, редовен професор на Факултетот за здравствени науки во Бања Лука од областа на јавното здравје и заштитата на животната средина, кој вели дека на крајот на минатата година се нашол во измислено интервју на околу десет страници, во кое објаснувал делување на лек, а се нуделе и 50 % попуст за ногово купување.

Profimedia

Како што објаснува докторот во изјава за медиумите тој пред да пријави во институциите во БиХ направил сопствена истрага нарачувајќи го продуктот, кој со попуст чинел над 25 евра, и праќајќи пријатели во канцеларијата на дистрибутерот „Лидшоп“ во Сараево. Случајот го пријавил во сите босански институции, но по седум месеци смета дека тие се или мрзеливи или корумпирани, бидејќи поместување нема, иако добил потврда и од Кантоналната обвинителка дека законот е прекршен.

„Тоа е навистина кривично дело, како што кажа таа, кражба на идентитет, но фирмата, која ја направила кражбата на идентитетот и го рекламирала тој лек, е надвор од Босна и Херцеговина – во Емиратите, во Дубаи. И сега според нејзините зборови, а јас би сакал само да цитирам, за да не бидам двосмислен, таа рече дека тоа е кривично дело, но не е направено во Босна и Херцеговина, затоа што оваа фирма Лидшоп имала договор со таа маркетиншка фирма во Емиратите и таа фирма извршила огласување, но таа не е на територија на Босна и Херцеговина, така што не можат кривично да ја гонат, а ниту сопственикот на таа фирма“, вели проф. д-р. Бранислав Михајловиќ.

Како да забележите лажни реклами на социјалните мрежи

Поголемиот дел од луѓето кои „паѓаат“ на лажни реклами на социјалните мрежи не ги пријавуваат, но и покрај тоа, бројките се запрепастувачки. Федералната трговска комисија (ФТЦ) објави дека во 2021 година, „повеќе од 95.000 луѓе пријавиле околу 770 милиони долари загуби поради измама иницирана на платформите на социјалните медиуми“. Ако ова звучи како многу, тоа е затоа што е – осумнаесеткратно зголемување од 2018 година, наведуваат медиумите.

„Дури и легитимните реклами се клонираат и пренаменуваат за злонамерни цели, а како краен корисник, немате начин да знаете дали рекламата е легитимна без да кликнете на неа“, вели Пол Бишоф, застапник за приватност во Цомпаритецх. Совет: Не кликнувајте на него! „Напаѓачите можат да ги прикријат нивните домени, така што не можете однапред да знаете каде ќе ве однесе рекламата“.

Иако постарите возрасни лица често се жртви на измами, лицата на возраст од 18 до 39 години изгубиле најмногу пари поради измамите кои потекнуваат од лажни реклами на социјалните мрежи во 2021 година, а ако минатото е показател за иднината, тој број ќе продолжи да расте. Бидејќи онлајн измамите и измамите на Facebook Marketplace се толку распространети – и може да биде тешко да се препознаат знаците на кои не може да и се верува на апликацијата – мудро е да научите како да идентификувате измамник. Подолу, ги разложуваме црвените знамиња за кои треба да знаете за да можете да се заштитите од измамите на Инстаграм, измамите на Фејсбук и лажните реклами и вести на социјалните мрежи.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот